16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем!(12)

Пишува: Зоран Момироски

  • ЛАЖАТ, И ЗА СИТНИ ПАРТИСКИ ПОТРЕБИ МАНИПУЛИРААТ  СИТЕ КОИ ТВРДАТ ДЕКА ЌЕ ПРОПАДНЕ ИНФРАСТРУКТУРНИОТ ПРОЕКТ: „ЛЕЦЕ КОТЕСКА“. РЕКОНСТРУКЦИЈА, ПРОШИРУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ВЛЕЗОТ НА ПРИЛЕП ОД КРУШЕВО ЌЕ ИМА. ДОКУМЕНТАЦИЈАТА Е ПОДГОТВЕНА И ПРЕДАДЕНА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ. НА ПОЧЕТОКОТ ОД ИДНАТА НЕДЕЛА ВО ГРАДОВ  ДОАЃААТ  ЕКСПЕРТИ  ОД  СВЕТСКА БАНКА КОЈА ГО ФИНАНСИРА ПРОЕКТОТ СО 1.000.000 ЕВРА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ.

 

  • ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ Е ЗОШТО ПОЕДИНЦИ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ  КАКО ФИГУРИ ОД ,,МАДАМ ТИСО“ СЕДАТ МОЛЧАТ И НЕ ИМ ЈА КАЖУВААТ ВИСТИНАТА НА ГРАЃАНИТЕ  ЗА ТЕКОТ НА ПРОЕКТОТ, И  ДОЗВОЛУВААТ СПОРЕД  ЖЕЛБА НА ПОЕДИНЦИ ОД СДСМ  ПРЕКУ  ПАРТИСКИ ИЗЈАВИ  САМО ДА ЈА ПОДГРЕВААТ И ДА ЈА ДЕФОКУСИРААТ  ЈАВНОСТА. А ЈАС ДЛАБОКО  СУМ УБЕДЕН ДЕКА ДОЗВОЛУВААТ  МАНИПУЛАЦИИ  ПОРАДИ ТОА  ШТО МЕЃУСЕБЕ СЕ ПОВРЗАНИ КАКО,,СВИНСКИ ЦРЕВА“.

 

  • ФИЛМОТ  „ЛЕСИ СЕ ВРАТИ ДОМА“ ВАЖИ И ЗА БРАНКО НЕШКОСКИ. ТОЈ Е НОВ НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА УРБАНИЗАМ. ДОСЕГАШНАТА РАКОВОДИТЕЛКА ВАСИЛКА НИКОСКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ОВА РАБОТНО МЕСТО И ЗАМИНА ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. АКО НЕМАШЕ ДЛАБОКИ ПАРТИСКИ ПОДЕЛБИ И ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ НИТУ ЕДЕН ПАМЕТЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НЕМАШЕ ДА ДОЗВОЛИ ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ  БРАНКО НЕШКОСКИ ДА ЈА НАПУШТИ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. НОВИОТ  ЛИК НА ПРИЛЕП  МАРЈАН РИСТЕСКИ НИКОГАШ НЕМАШЕ ДА ГО ПОСТИГНЕ БЕЗ  НЕШКОСКИ, ТОГАШЕН РАКОВОДИТЕЛ НА ЈП ПУП. СЕГА ОД НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО  ЗА УРБАНИЗАМ, СЕ ЧЕКА ДОЗВОЛИТЕ И ОДОБРЕНИЈАТА ДА СЕ ИЗДАВААТ БРЗО, ЕФИКАСНО И ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК.

 

  • НАЈВЕРОЈАТНО ПО ПРЕПОРАКА  НА НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ СОВЕТНИЦИ И ДВЕ, ТРИ  СОРАБОТНИЧКИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДЕНОВИВЕ ГО СВИКАЛ ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ. БЕЗ НОВИНАРИ И ВО,,НАЈГОЛЕМА ТАЈНОСТ“ НА СОСТАНОКОТ СЕ РАСПРАВАЛО ЗА ЗИМСКОТО ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА ВО ОПШТИНАВА. ОД ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА СЕ ДОБИВА ВПЕЧАТОК  ДЕКА БЕЗ  МАЛКУ ОД МНОГУ РЕЛЕВАНТНИ  ИЗВОРИ СЕРИОЗНО СЕ РАЗГЛЕДУВАЛЕ МОЖНОСТИ  ЗА ,,НУКЛЕАРЕН ИЛИ ТЕРОРИСТИЧКИ  НАПАД“ НА ПРИЛЕП. МЕЃУ ПРИСУТНИТЕ ИМАЛО И ПРЕТСТАВНИЦИ КОИ ИМААТ ОГРОМНО ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО ВО ОВАА ОБЛАСТ. СЛУШАЛЕ ЗА ШТО СЕ РАСПРАВА НА ОВОЈ СОСТАНОК  ПА ПРЕКУ МАЈТАП  ВЕЛАТ  ДЕКА ВАКВА РАСПРАВА НА КРИЗНИОТ ШТАБ НЕМАЛО  ОД 1948 ГОДИНА.

 

  • ОВАА ЗИМА ОДРЖУВАЊЕТО НА УЛИЦИТЕ НАМЕСТО ТРИ ФИРМИ СЕГА  ЌЕ ГО ИМА САМО ,,ИЗОФАС“ ЗА 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. КАКО И МИНАТИТЕ ГОДИНИ СНЕГОТ БЛАГОВРЕМЕНО  ОД УЛИЦИТЕ ЌЕ СЕ ЧИСТИ СО СООДВЕТНА ОПРЕМА, А УЛИЦИТЕ ЌЕ СЕ ПОСИПУВААТ СО СОЛ И РИЗЛА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ Е КВАЛИТЕТОТ НА РИЗЛАТА. ОСОБЕНО НЕЈЗИНОТО ОТСТРАНУВАЊЕ ОД УЛИЦИТЕ И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО. ЗА ЖАЛ И СЕГА, И ВО МИНАТИОТ МАНДАТ, ДОКТОРИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ГРАМ ОДГОВОРНОСТ  НЕМААТ  ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. ВО 21 ВЕК ДОЗВОЛУВАТЕ  РИЗЛА КОГА ЦЕЛ  СОВРЕМЕН СВЕТ СО ГОДИНИ КОРИСТИ СООДВЕТНА ТЕЧНОСТ КОЈА ИМА ПОВЕЌЕНАМЕНСКА УПОТРЕБА. ЗА ОВА МОЛЧИ ,,ДОБРО“ УПАТЕНИОТ ГУЛАБОСКИ ОД ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, А НЕ ПОМИСЛУВА ДА ПИСНЕ ПРОТИВ И ДА СИ ГИ ЗАШТИТИ ОНИЕ КОИ ГИ ЧИСТАТ УЛИЦИТЕ НИ АБРАШОСКИ ОД КОМУНАЛЕЦ..

 

  • ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА ЈА ,,МЕСТЕЛА“ ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ. КАКО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ПОЛИЦИЈАТА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ДОБРАТА, А ЛОКАЛНИВЕ ВЛАСТИ ЛОШИТЕ. ОВАА ТЕЗА ЛИЧНО МЕ ПОДЗАМИСЛИ И МЕ  ЗАИНТРИГИРА И БАРАВ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ. ЛУЃЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛАТ ДЕКА  ,,МЕСТЕНКАТА“ СЕ ПРАВЕЛА ПРИ ИЗРЕКУВАЊЕ НА КАЗНАТА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ. ПА ТАКА, ПОЛИЦАЕЦ  НА ВОЗАЧ КОЈ НАПРАВИЛ ПРЕКРШОК  НАМЕСТО ПАРИЧНО ДА ГО КАЗНИ МУ ПИШУВАЛ  ОПОМЕНА,НО ИСТОВРЕМЕНО ИЗДАВАЛ НАЛОГ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВОЗИЛОТО СО ПАЈАК СЛУЖБА. ШТО ЗНАЧИ ПАРИЧНА КАЗНА ЗА ПРЕКРШОКОТ НЕМА. АМА ЗА УСЛУГАТА НА ПАЈАК СЛУЖБА ЌЕ ПЛАТИ 1000 ДЕНАРИ, ПАРИ  ЗА ОПШТИНАТА, ИЛИ ЗА ПУП.       ОД ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛАТ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЧИСТ ТЕСНОПАРТИСКИ СПИН.   СЕЛЕКТИВНОСТА  ВО ИЗРЕКУВАЊЕТО НА КАЗНИТЕ НЕМА.
  • ФАКТ Е ДЕКА ГРАЃАНИТЕ СЕ ТИЕ КОИ РЕАГИРААТ НА ХАОСОТ  СО ПАРКИРАЊЕТО ВО ГРАДОТ, ОСОБЕНО НА ТРАТОАРИТЕ ОД УЛИЦИТЕ. ДАЛИ ВООПШТО НЕКОЈ СЕ ЗАПРАШАЛ КАДЕ И ЗА КОИ УЛИЦИ ИМА ОДЛУКА И ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА  ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ?! ПА ДАЛИ ИМА КРАТКОРОЧНА ИЛИ ДОЛГОРОЧНА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА И РЕШЕНИЕ  ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ? ЈАС ТВРДАМ  ДЕКА НИТУ ИМА НИТУ ЌЕ ИМА, НИТУ НЕКОЈ САКА ДА НАПРАВИ.

 

  • ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП ДОАЃА ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НА СДСМ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ НА ОТВОРЕНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ. КОГА ЈА ЧУВ НАЈАВАТА ПРВО НА ПАМЕТ ШТО МИ ПАДНА СЕ ОНИЕ ДВЕ МОМЧИЊА КОИ МИНАТА НЕДЕЛА ДАВАА ИЗЈАВИ ОД ПРИЛЕПКИОТ О.К. НА ВМРО ДПМНЕ, А ВО КОИ ГО КАРАА КОВАЧЕВСКИ ДЕКА ОДЕЛ НА ПАРТИСКИ ТРАДИЦИОНАЛНИ МАНАСТИРСКИ СРЕДБИ ВО СЕЛЦЕ, А НЕ ВО ПРИЛЕП. И ТАЧЕ ЕТЕ ГИ ПОСЛУША И УТРЕ ПРАВО ВО ПРИЛЕП. А НА ГРАЃАНСКИОТ СОБИР ЌЕ ИМА И ЗЕМЈОДЕЛЦИ И ТУТУНАРИ И ЛУЃЕ ОД СИТЕ КАТЕГОРИИ ВО ОПШТЕСТВОТО. А ЗОШТО НЕ И НА ЧЛЕНОВИ ОД ВМРО-ДПМНЕ. МОЖНОСТ ЈАВНО ДА МУ СЕ ПОСТАВАТ ПРАШАЊА. И ПРИЛЕП НЕМА ДА БИДЕ ЦИРКУС ГРАД САМ ПО СЕБЕ, АКО НЕМА НА ИСТ ДЕН, ВО ИСТ ТЕРМИН, ДВЕ ГОЛЕМИ ПРЕТСТАВИ. ОВАА НА ТЕАТАРСКАТА СЦЕНА ВО ЦЕПЕНКОВ И ОНАА ,,ВИСТИНСКИОТ  ЗАПАД“ НА СЦЕНАТА ОД НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ. ПРВАТА СО ТАЧЕ Е БЕСПЛАТНА, А ЗА ВТОРАТА ТРЕБА ВЛЕЗНИЦИ. ТИЕ  СЕ ПРОДАВАЛЕ ВО ЧОШЕ.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Повеќе прилепски улици без напојување со електрична енергија во вторник 16 ти јули

Едночасовна блокада на магистралниот пат Прилеп – Градско

Гордана Цветаноска

229 прилeпчани незаконски примале социјална помош

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе