30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Волонтерите на Црвениот Крст – Прилеп во собирна акција за книги

Волонтерите од Црвениот Крст на Македонија преку проектот за Промоција на Хумани вредности (ЦКА-ПХВ), во сабота (04.06.2022) на градскиот плоштад во Прилеп, ќе спроведат собирна акција за книги, кои ќе
бидат потребни за формирање на библиотека.  Секој кој што сака да донира ќе може книгите да ги
донесе од 11.00 до 13.00 часот на поставениот штанд. Доколку граѓаните не сте во можност во овој временски период  да донесат книги тогаш, тоа можат да учествуваа во оваа хуманитарна акција со носење на книги  во просториите на Црвениот Крст, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Целта на акцијата е изработка на  куќарка со книги „Библиотека за секого„ во која ќе има различни видови литератури, книги на различни јазици каде луѓето ќе можат да заменуваат книги и со тоа да се промовираат различни култури.

 

Би можело да ве интересира

Проект за заштита на животната средина во Преспа

SLAP во борба против дебелината „Прошетка во природа“ по повод Светскиот ден NASH (ВИДЕО)

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе