14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

ДВАЈЦА ЗАМИНАТИ, ДВАЈЦА ДОЈДЕНИ ВО ПОБЕДА?

Во очекување на првите официјални информации од фудбалскиот прволигаш Победа, веќе се појавија медиумски вести за кои нема клупска потврда ниту демант. Така, во врска со местото шеф на Стручниот штаб е објавено дека наместо досегашниот стратег, битолчанецот Димитар Капинковски (47-годишен), во иднина ќе бил Црногорецот Славољуб Бубања (55). И во играчкиот кадар се споменуваат промени – за заминат се смета Дарко Анѓелески (22) во Силекс, а за дојден Нигериецот Удома Чуквума (23) од Пелистер. Сепак, ништо не е сигурно ни конечно. Во поглед на играчите треба многу скоро да биде појасно колкумина од досегашните првотимци остануваат, на кои позиции екипата ќе биде засилена, кога стартуваат подготовките…

Во меѓувреме клубот го решава финансиското прашање, преку преговори со потенцијалните финансиери.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

БОРЕЧКИОТ КЛУБ 7 МАЈ ИМА НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ

Елизабета Филипоска

Во прво коло бодовите отпатуваа за Куманово

Елизабета Филипоска

ЕКСКЛУЗИВНО : Маркови Внуци : Ние тргнавме за Италија – Македонија во срцето (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе