5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Награда за Витаминка за општествена одговорност од Банка за храна

Банка за храна Македонија, непрофитна, хуманитарна организација која им помага на сиромашните и гладни граѓани на Македонија, ја награди Витаминка како општествено одговорна компанија. Наградата ѕвездена статуетка и титула „SВЕЗДА ПРОТИВ КОВИД 19“ е за помошта од компанијата во храна наменета за поединци и семејства кои се во социјален ризик, особено во време на пандемијата од Ковид 19.

Наградата беше врачена на манифестацијата организирана од Банка за храна по повод остварувањата и наградување за сите општествено одговорни поединци, субјекти и институции во битката со Ковид 19.

„Како компанија што е дел од заедницата, општествената одговорност на Витаминка кон граѓаните е дел од нашето секојдневно работење. На донациите во храна, не гледаме само како на обврска туку како помош кон некому што му е потребна, затоа што најголема несреќа е некој да нема храна и средства да го нахрани семејството. Оваa награда денеска е доказ дека вистински сме придонеле за тоа и сме помогнале каде и кога било најпотребно. Но, проблемот со недостаток на храна е голем и сериозен и затоа во секоја можност се обидуваме што повеќе да помогнеме, да донираме што поголеми количини храна, да нахраниме што повеќе семејства но исто така и да поттикнеме и другите, компании, ресторани, ланци маркети да се вклучат во проекти за донирање храна и со тоа да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена“ истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Препознаена како општествено одговорна компанија со фокус на семејствата во социјален ризик, Витаминка заради ваквата своја активност доби признание и од Хуманитарната организација „Свети Спас“ поради постојаната поддршка на иницијативите на организацијата и честите донации во храна и производи за штитениците.

Витаминка е компанија со интензивна и постојано активна општествена одговорност, а овие активности особено ги засили од почетокот и во текот на целиот период на пандемијата со чести и континуирани донации на средства, храна и прехранбени производи со вкупна вредност од околу 5 милиони денари наменети за ранливи категории, лица и социјално загрозени семејства, на тој начин придонесувајќи за полесно справување со секојдневните предизвици.

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец склучи договор за набавка на горива во вредност од 383.740 евра

Елизабета Филипоска

Богата програма за 80 годишнината од Денот на ослободувањето на Прилеп

Пела Редакција

Оние кои планираат да патуваат во Бугарија, од 19-ти јануари соседот ги затвора границите за Македонија поради пандемијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе