За вториот уписен рок уште има слободни места за поедини сектори во средношколскиот центар „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп, освен графичарските профили кои се целосно пополнети. Сектор Електротехника примени се вкупно 62 ученици. Во овој сектор за двата профили Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации нема слободни места. За другите два профили Техничар за индустриска мехатроника има 2 слободни места, Електротехничар енергетичар 4 слободни места. Во овој сектор најмногу слободни места 15 има за електричар, и за автоелектричар 10 слободни места.
Најголем интерес во секторот Машинство учениците пројавиле за профилот Машински техничар за моторни возила каде има само 2 слободни места. За Машинско енергетски техничар на располагање за учениците се 17 места, со напомена дека за овој профил второто пријавување потребен број на поени е 40. Најмалку слободни места во овој сектор има за Техничар за производно машинство само 1; за Машински техничар на располагање се 14 слободни места при што за второто пријавување потребниот број поени е 40. За Автомеханичар има 7 слободни места, а за Машински техничар 17.
Спортската гимназија има исто така можност за прием на ученици. На располагање се 27 слободни места, а за второто пријавување потребен број на поени 45.
Секторот Графичарство е целосно пополнет, примени се потребниот број на 34 ученици во двата профила Графички техничар и Графички уредник дизајнер.
Во секторот Сообраќај транспорт и складирање за двата профили: Техничар за транспорт и шпедиција и Техничар за логистика во сообраќајот, на располагање се вкупно 22 слободни места, а за второто пријавување потребни се 55 поени. За техничар за патен сообраќај има уште 9 слободни места.
Вториот уписен рок е на 21 и 22 јуни, а третиот на 28 јуни.