10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Муслиманите денеска го слават празникот Курбан Бајрам

Муслиманите денеска го слават празникот Курбан Бајрам, важен ден за верниците, бидејќи се совпаѓа со завршувањето на објавата на Куранот, но и времето кога верниците го извршуваат петтиот услов во Исламот – хаџот на светите места.

Празникот се одбележува со колење курбан, со што се докажува верата на верниците, одделувајќи од своето богатство за да го коли својот курбан, како посветување кон Создателот.

„Празникот е резултат на радоста, посветеност кон човештвото, хуманоста, моралот, мирот и достоинството.  Сиромаштијата, скудноста, дискриминацијата, убивањето, војната, аморалот се најлошите особини што можат да му се случат на човештвото„ посочи Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху во својата честитка кон верниците.

За овој празник следи утринска молитва. По молитвата,  целото семејство се собира на богата трпеза. Во ваквите денови роднините треба да бидат колку што е можно повеќе заедно и што повеќе да се сплотат.

 

Би можело да ве интересира

ИН МЕМОРИАМ-Почина прилепскотo новинарско легендарно перо, Драги Баше

Елизабета Филипоска

Нови цени на горивата од полноќ

Пела Редакција

На празникот Младенци во храмот „Св. Петка“ во Точила ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе