11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески и Проданоски по повод Курбан Бајрам – почитувањето е услов за соживот

Верниците од исламска вероисповест денеска го слават Курбан Бајрам, празник кој трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам , и го одбележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

По тој повод, честитајќи им го вториот најголем празник на граѓаните од исламска вероисповест, кои живеат во Општина Прилеп, градоначалникот  на Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот Дејан Проданоски ја посетија населбата Тризла и населеното место Канатларци,  каде главно живеат верници со муслиманска вероисповед, учествувајќи и на утринската молитва.

Градоначалникот при оваа прилика потсети дека овие верски празници се можност да се покаже толеранцијата, добрите дела и почитта едни кон други, која е карактеристична за ова прилепско поднебје каде со децении наназад се уважувале и почитувале различностите .

Наша традиција е, и ќе биде, да си помагаме едни на други, а со тоа да ги јакнеме почитта и соживотот помеѓу сите граѓани на Република Македонија. Сите ние заедно и сплотени, ќе продолжиме да ја градиме иднината на Прилеп, бидејќи само тоа е вистинскиот пат за сите нас.“ – напиша градоначалникот на Прилеп, Јовчески на својата Фејсбук страна.

Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,  честитајќи им го празникот на граѓаните со муслиманска вероисповед кои живеат во Општина Прилеп при оваа прилика го  истакнал значењето на  соживотот и почитта како единствени човечки постулати за зачувавање на единство, мирот, слогата и разбирањето за зачувување на нашата заедничка татковина, Македонија.

Ние одамна сме ги научиле  вредностите на почит од нашите предци кои со векови  без разлика на вера и нација, живееле заедно на овие простори, делејќи и арно и лошо со своите браќа Муслимани. Соживотот нека остане наша трајна вредност. Да настојуваме и да се залагеме заедно тоа да го зачуваме како определба за добробит на нашите деца“  истакнал претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Со  празникот Курбан Брајрам се крунисува аџилакот и се смета за празник на жртвата која се принесува, обично овца. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност и тоа жртвата ја делат на четири дела, првиот е за домаќините, сиромашните, роднините и пријателите.

Би можело да ве интересира

Денеска е Божиќ! Православните верници се поздравуваа со „Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“

Елизабета Филипоска

Нов крст на кровот на прилепскиот храм Св.Благовештение

Елизабета Филипоска

Извидниците „Од срце за Вики! “- во хуманитарна акција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе