10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Општина Прилеп го осудува насилството и бара МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност

По синоќешниот нов случај на опожарување автомобил од раководителка на сектор во локалната самоуправа,  од Општина Прилеп под итно бараат да се стави крај на насилството. Ја пренесуваме реакцијата од Општина Прилеп:

Случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили во општина Прилеп. Рано утрово опожарен е автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп.

Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот.

Општина Прилеп го осудува чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот. И, бара под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп: Нема новозаболени од коронавирус, бројот на активни случаи останува 62

Гордана Цветаноска

Eден нов случај на коронавирус – од почетокот на пандемијата 337 заболени

Елизабета Филипоска

По 14-ти пат се одржува манифестацијата “Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје” (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе