23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Сообраќајни контроли: во Прилеп од 45 санкционирани,16 без возачка дозвола

СВР Битола во редовниот билтен за безбедноста во сообраќајот со информација дека во текот на изминатата вечер и ноќта во Прилеп биле направени контроли при што биле санкционирани 45 возачи во најголем дел за непоседување на возачка дозвола:
Во текот на изминатата вечер (20/21.07.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 45 возачи, од кои 16 возеле без возачка дозвола, четири возеле под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за возачи на мотоцикл поради некористење заштитна кацига за време на возење, а исклучени се 24 возачи и три возила од сообраќај…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајна незгода во мариовско

Семејното насилство се’ почесто

Претрес во дом на прилепчанец – пронајдена марихуана

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе