11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Итната медицинска помош се пресели во Градската болница Прилеп

После 4 децении од денеска, Итната медицинска помош ќе работи во Градската болница Борка Талески во Ургентниот центар. Со ова решение се подобруваат условите за работа и третман на пациентите, а во услови на енергетска криза болницата ќе заштеди на енергенси. Досегашниот објекто  на Итната медицинска помош ќе се издава под наем.

– Од денеска Итната медицинска помош ќе функционира во просториите на болницата, односно во делот на Ургентното одделение кое што е комплетно опремено за интерес на пациентите. Имаме нова опрема која што претходно беше обезбедена. Од аспект на инвестициони вложувања го обезбедивме паркинг просторот благодарение на една општествено одговорна компанија Ибопод и така оваа медицинска служба ќе биде подстапна и до одделенијата за да можат пациентите да ги обавуваат и оние дијагностички методи кои што се во близина, вели Кети Смилеска, директор на Јавната здравствена установа со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп.

 

 

Засега ќе функционира само Брзата помош, а Ургентното одделение постепено ќе се докомплетира. Стариот објект раководството на болницата донесло одлука да се издава под наем , за што дополнително ќе биде распишан оглас. Целта е да се заштеди на електрична енергија во услови на енергетска криза, и што е најважно да се работи во подобри услови. Воедно, ќе се стави и кадарот од болницата на располагање за потребите на Брзата помош. Кожното одделение ќе биде преместено во Здравствениот дом, а Итната стоматолошка служба ќе биде во максилофацијалното одделение.

– Бенефитите со преселбата на Итната медицинска помош е што ќе работиме во нови и чисти простории, за сите ќе биде подобро и за персоналот и за пациентите. Се надевам дека за брзо време ќе се доекипираме оти навистина имаме проблем со недостиг од лекари за да можеме да излеземе во пресрет на целата прилепска општина. Во моментов функционираме со 10 вработени лекари и млади лекари кои што работат со договор на дело. Нам ни се потребни 15 лекари да функционира Итната медицинска помош како служба што може да одговори на барањата на граѓаните,вели  д-р Снежана Петровска, началник на ИМП Прилеп.

Преоптовареноста на службата на ИМП се гледа преку бројот на интервенции. Во сезона на годишни одбори, зголемен број на корона позитивни случаи, брзата помош работи и како амбуланта со над 120 интервенции во текот на 24 часа.

– Ние мораме да се справуваме со пациентите чии што матични лекари се на годишен одмор, пациенти со хронични заболувања, короната си е приказна за себе. Во секој случај ова ќе биде олеснување поради подобри услови за работа, тука ни се специјалистите се надеваме на добра соработка со нив, посочува д-р Петровска.

Моментално во ИМП Прилеп функционираат 3 амбулантни возила комбиња и 2 леки коли вклучени во системот на службата за транспорт на пациентите до болницата и до клиниките во Скопје.

Би можело да ве интересира

Крајпатна чешма кај „Че“ неколку други, не одговара за употреба

Елизабета Филипоска

СВР Битола: управните служби за издавање на патни исправи ќе работат и во сабота

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (2)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе