7 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Криминалец од Штип фатен и приведен во Прилеп

Во Прилеп приведен криминалец од Штип за издржување на казна затвор за повеќе извршени кривични дела. На 19.08.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција Битола, Полициска станица Битола, во координација со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Б.Н.(29)од Штип.
За него била распишана потерница по наредба од Основен суд Штип со која се бара за издржување на казна затвор за извршени повеќе тешки кражби, насилства и разбојништва во повеќе градови во период од три години.
Тој бил приведен во полициска станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Пак пиротехника полицијата заплени во Прилеп

Пела Редакција

Oграбена спортска обложувалница во Прилеп

Возач на “Мерцедес“ од с.Дебреште излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе