14.7 C
Прилеп
понеделник, 24 март, 2025
Пела Радио

Куќен притвор за четворица прилепчани

СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32), А.М.(26), Д.П.(33) и П.О.(43), сите од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривични дела по чл.382 од Кривичниот законик, за „спречување  службено лице во вршење службено дејствие“ и по чл.386 од Кривичниот законик – „насилство“.

Имено, на 14.08.2022 околу 18.00 часот, во угостителски објект во Прилеп, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале В.Н.. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници од ОВР – Прилеп кои од страна на пријавените биле спречувани во преземањето на службени дејствија. Лицата биле лишени од слобода, а од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп изречена е мерка куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист прегази пешак во Прилеп и повторно пожар на паркирано возило

Гордана Цветаноска

Приведн прилепчанец кој крадел од угостителски објект

Елизабета Филипоска

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе