11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За непостоење план за вработување за 2022 г. претходниот градоначалник ќе сноси кривична одговорност

Општина Прилеп денеска излезе со изјава на тема: непостоење на Годишен план за вработување за 2022 и кривична одговорност. Ја пренесуваме во целост изјавата на Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп:

Штетата од неработењето на минатата локална власт предводена од СДСМ, остави негативни последици врз Општината.
Почитувани сограѓани, денеска ќе ви претставиме како претходниот градоначалник на општина Прилеп Илија Јованоски постапувајќи спротивно на одредбите од законот за вработените во јавниот сектор односно воопшто не постапувајќи, во текот на 2021 година нема донесено Годишен план за вработување за 2022 година.Наместо да излегуваат од СДСМ со смешни пресконференции, нека им се извинат на граѓаните на Општина Прилеп за залудно потрошените 4 години од мандатот во неработење.
Почитувани прилепчани, согласно член 20-а од Законот за вработените во јавниот сектор вработувањата во институциите на јавниот сектор се вршат врз основа на годишни планови за вработување, кои функционерите кои раководат со институциите ги подготвуваат врз основа на Методологијата од членот 5 став 3 на овој закон. Согласно член 20-б став 1 алинеа 3 од истиот закон, функционерот кој раководи со институцијата е должен, најдоцна до 1 септември во тековната година да изготви предлог план, кој заедно со предлог на буџетското барање го доставува на согласност до органот надлежен за буџетот на институцијата односно до советот на општината за единиците на локалната самоуправа.
Прашуваме, дали претходниот градоначалникот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ, свесно, најверојатно судејќи по прогнозите и анкетите пред локалните избори дека ќе доживеат катастрофален пораз, а спротивно на законските одредби нема донесено Годишен план за вработување за 2022 година.Додека во спротивност со ова во текот на 2020 година донесен е годишен план за вработување од 31.08.2020 на кој што од Министерството за информатичко општество и администрација нема дадено позитивно мислење односно има само слика од вибер.На вака незаконски дадена согласност врз основа на кој се вршени и вработувања, во текот на 2022 година е извршена измена на Годишниот план за вработување со бр.01-2088/5 од 26.11.2020 година, односно извршена е измена на непостоечки план со согласност дадена по вибер!Истите оние кои го преспаа мандатот и не реализираа речиси ништо од ветеното, сега глумат загриженост, почитувани сограѓани.Оваа измена на Годишниот план за вработување е донесена на незаконски начин од причина што во Годишниот план предвидени се вработувања за укинати работни места со измена на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Прилеп, како и предвидени се работни места за пополнување со јавен оглас кои веќе се пополнети со вработени административни службеници.Замислете, на ваков Годишен план Министерството дава позитивно мислење и врз основа на овој незаконски план извршени се вработувања во општинската администрација на Општина Прилеп. Согласно ова, претходниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски со донесувањето и применувањето на ваков Годишен план за вработување за 2021 година сторил грубо кршење на законите и злоупотреба на својата службена положба и овозможил одредени лица да се стекнат со противправна имотна корист, за што ќе следува соодветна кривична пријава. Почитувани прилепчани, сегашната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ била и секогаш ќе биде на страната на народот. Правдата ќе го стигне секој оној кој што се огрешил пред законот, бидете сигурни во тоа!

 

Би можело да ве интересира

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

Елизабета Филипоска

Ќе се врши прскање против комарци

Елизабета Филипоска

„На Василица во Прилеп 2022“ , манифестација за збогатување на традицијата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе