7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп гордо и достоинствено го одбележа Денот на независноста

Со полагање свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ,  Методија Андонов-Ченто и на Могилата на непобедените, Прилеп  го одбележа Денот на независноста на Република Македонија, 8 ми Септември.

Честитајќи им го на граѓаните најсветлиот датум од современата историја на Македонија 8-ми Септември, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески ја истакна важноста на меѓусебното почитување и заедничкиот пристап за зачувување на интегритетот и независноста на државата создадена пред 31 година како суверена, самостојна, независна и демократска држава:

„Со намера да бидеме свои на своето на 8 септември 1991, одговорно, храбро и решително го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. Празнувајќи денес, исто така оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти на браникот на татковината! Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува! Сега е време сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија. Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на независноста”, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Покрај делегацијата предводена од градоначалникот на општина Прилеп, цвеќе положија претставници на Сојузот на борци и преставници на политички партии.

Би можело да ве интересира

Повеќе улици во Прилеп и две села ќе останат без напојување со електрична енергија

Пела Редакција

Мирен протест во Прилеп против промена на уставното име

Гордана Цветаноска

Политичката кампања на пауза до завршување на гласањето за вториот круг од локалните избори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе