16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

НОВИ ТРОТОАРИ И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

До крајот на градежната сезона во Долно Агларци ќе се изградат нови тротоари во должина од 100 метри и атмосферска канализација во должина од 240 метри додека во Горно Агларци 210 метри, посочи е Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци, при средбата со жителите од Долно и Горно Агларци.

Жителите на Горно Агларци побараа санација на оџаците во училиштето, чистење на пешачката патека до училиште, асфалтирање и тампонирање на локални патишта, чистење на каналите, изградба на атмосферски канал во должина од 150 метри и редовно одржување и косење на тревните површини и кастрење на дрвата.

Жителите на Долно Агларци побараа чистење на дивите депонии и поројот за кој сметаат дека е приоритетен и реконструкцијана кровот на црквата.

Би можело да ве интересира

Општина Новаци ќе ги субвенционира домаќинствата за набавка на климатизери

Младински клуб за младите во с. Гермијан

Елизабета Филипоска

Општина Новаци ангажира невработени лица за грижа и помош на стари лица

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе