11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Компанијата “Комфи Ангел“ ја посети првиот човек на УЈП

Менаџерскиот тим, на една од најголемите текстилни компании во Прилеп „Комфи Ангел“  предводени од Ирена Јакимовска, денеска имаше средба со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која ја посети компанијата.  Како компанија со значителен извозен економски потенцијал, Јакимовска со првиот човек на УЈП, разговараше за потребите, можностите и условите што компанијата ги има како даночен обврзник и за важноста на взаемната соработка со институциите на државата во креирањето на даночната политка,  со цел  подобар економски раст и развој на компанијата, нагласувајќи ја при тоа и улогата на текстилната индустрија во економскиот раст на државата како еден од најразвиените економски сектори.

„Комфи Ангел“  е  фирма која има неделно производство над 400.000 единици, вискоквалитетни перници, јоргани, заштитници за јоги, вреќи за спиење и постелнини со врвен квалитет кои се пласираат во над 30 земји во светот.

Менаџерскиот тим на Комфи Ангел, се одличен пример дека и во специфични услови ако се умее може да се обезбеди одржлив раст на продажбата, да се креираат можности за зголемување на производството и отворање на нови работни места.  Преку контуинирани посети, разговори и дијалог со даночните обврзници, креираме услови за раст и развој на домашното производство, а со тоа создаваме услови и за економскиот раст”, напиша Лукаревска на ФБ.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп започна распределбата на картичките за „зелена нафта“

Коморскиот инвестициски форум ги награди Регионалните стопански комори од Прилеп и Битола

Да ги заштитиме најмладите – Внимателно со новогодишните пакeтчиња и безбедност на продуктите во нив

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе