5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Младинците на Победа до С.Ирска и назад ќе сменат седум авиони и четири автобуси

Младинскиот тим на Победа, актуелен првак во младинска конкуреција, в среда го очекува првиот меч од воведното коло во Лигата на шампионите против северноирскиот Колерејн. Момците на овај пат ги чека вистинско патешествие за да стигнат на натпреварот.

Експедицијата на  Победа од 24 члена, до Северна Ирска ќе патува цели 24 часа  и  во таа авантура за одење и враќање ќе сменат дури седум авиони и четири автобуси. Патувањето им почнува в понеделник, а се очекува дури во вторник фудбалерите да пристигнат на вистинската дестинација во Колерејн, Северна Ирска.

Младинскиот тим на Победа в понеделник од Прилеп со автобус ќе одат до скопскиот аеродром, од каде што ќе летаат до Загреб, па до Лондон, а оттаму до Белфаст. Првиот дел од авантурата ќе им заврши со автобус од Белфаст до Колерејн. Во вторник навечер од 20.30 часот ќе го имаат последниот тренинг, а в среда ги чека првата пресметка со противникот.

Враќањето е со еден авион повеќе –  од Колерејн до Белфаст ќе одат со автобус, потоа им следи лет до Лондон, од англиската престолнина до Амстердам, па оттаму до Белград, а од српскиот главен град, на крај, лет до Скопје. И потоа уште два часа со автобус да се вратат дома во Прилеп.

Среќно момци!

Реваншот е на 5ти октомври поради кој Победа го одложи осминафиналето во Купот против Македонија ЃП за 19 октомври.

Би можело да ве интересира

ЖФК Деспина супериорна и во куп натпреварите

Гордана Цветаноска

Донација од аптеките „Вива фарм 2005“ за ФК Младост 1930

Гордана Цветаноска

Девојките – борачи од „7 Мај„ на Меѓународниот турнир за деца и девојчиња

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе