7.3 C
Прилеп
понеделник, 24 март, 2025
Пела Радио

Талески : Секој фудбалер сонува да настапува на една голема завршница (ВИДЕО + ФОТО )

Прилепскиот голман кој успешно настапува на македонската фудбалска сцена , Давор Талески со пофални зборови за се она што го направија македонските фудбалери на овој европски шампионат. Тој вели дека сонот на секој фудбалер е да настапува на една голема завршница , па така и тој посакува, додека трае неговата фудбалска кариера да биде дел од едно такво натпреварување. Талески поседува и меѓународно искуство бранејќи за клубови од Финска и Грција , но за време на неговото гостување во нашата програма во живо , вели дека чуствува дека сега е моментот повторно да брани во поквалитетен европски клуб иако успешно минатата сезона го носеше дресот на битолски Пелистер.

Талески во разговорот со спортскиот новинар Зоран Игески не заборави и на својот матичен клуб Победа за кој како што вели секогаш е гордост да се следи Победа и нејзините резултати , без разлика на тоа каде и во која играат нејзините фудбалери. За ова но и за тоа како играат големите репрезентации на европското фудбалско првенство , за неговата фудбалска кариера погледнете во видеото подолу.

Би можело да ве интересира

Меч за историја на македонските ракометари среде Дизелдорф против Франција (ФОТО)

Никола Димески

Победа пред предизвик- одново да гради екипа!

Елизабета Филипоска

ФК Победа продолжува со засилувањата пред стартот на сезоната

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе