10 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Втора јавна трибина во Општина Кривогаштани

Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски заедно со дел од општинската администрација вчера одржаа отворена средба со жителите на населеното место Славеј.

Присутните имаа прилика да се информираат за начинот на отуѓување на општинското земјиште во атарот на населеното место како и тековни проблеми со кои се соочуваат жителите на Славеј.

Специфично за селото Славеј е недостигот од обработливо земјоделско земјиште во приватна сопственост, како и намалената површина на пасишта потребни за нахранување на сточниот фонд. Во повеќе наврати мештаните на ова населено место реагираа кај надлежните централни и локални институции за решавање на овие долгогодишни проблеми. Одржувањето на ваквиот вид на средби во општината има за цел да ја зголеми транспарентноста и информираноста на населението за спроведувањето на постапките како и носење на заеднички одлуки за идните чекори на општина Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

Владата го одложи стартот на второто полугодие

Дали ќе се направи игран филм за Ченто?!

Елизабета Филипоска

Добра вест!Во Прилеп нема заболени од мали сипаници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе