5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Дали ќе отпочне со разврска „јазолот“ Еурокомпозит

Согласно заклучокот  32-та седница на Владата, одржана на 19.10.2017 година, кој се однесуваше на информацијата за изнаоѓање на решение за состојбите во ова друштво во државна сопственост, Владата на седницата одржана на 7 овој месец заклучи Министерството за внатрешни работи, да отпочне со реализација на  договорот со Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит“ АД Прилеп, во државна сопственост.

„Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000 денари на сметка на друштвото, за исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката“, стои во соопштението.

Единствениот загубар од вкупно четирите компании во државна сопственост, Еурокомпозит, се наоѓа во катастрафална состојба во поглед на обезбедувањето на основните социјални права на вработените. Околу 260 лица работно ангажирани во Еурокомпозит, немаат примено 16 плати, а неможат да ги остварат правата од здравствено и пензиско осигурување, зашто компанијата нема подмирено обврски кон овие фондови повеќе години. Вработените беа принудени своите права да ги бараат преку чести прекини на работата и протестни маршеви низ улиците на Прилеп, со цел да го свртат внимението на јавноста и институциите еднаш засекогаш да го решат проблемот со Еурокомпозит. Според синдикалната организација покрај исплатата на платите и подмирување на заостанатите обврски за социјално осигурување, потребно намалување на бројот на вработени преку социјални пакети како технолошки вишок.

Би можело да ве интересира

При субвенционирањето на компаниите за зголемување на платите на вработените да се земе просекот на платите од август, септември и октомври предлага Прилепската стопанска комора

Пела Редакција

МЗШВ објави јавен повик за субвенционирање на невладините организации за советодавни услуги во земјоделството

Гордана Цветаноска

Грант средства преку АВРМ за нови бизниси добија 35 баратели

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе