11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во ООУ „Гоце Делчев“ отворена прва сензорна соба во Прилеп

Ново и прво катче од таков вид во основните училишта во Прилеп, од денеска ќе функционира во ООУ „Гоце Делчев“. Сензорна соба наменета за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој. Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации. Напредните алатки во сензорната соба ќе овозможат полесно совладување на едукативниот материјал.

„Оваа е 17 сензорна соба реализирана како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Тие се опремени со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. Изборот на опремата и елементите во опремувањето на секоја сензорна соба, го правиме низ консултативен процес со специјалните едукатори, педагозите, психолозите и наставниците во училиштата со цел тоа што ќе се набави да одговара на нивните потреби, за да можат тие максимално да ги исползуваат во нивната работа.“ рече Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Како општествено одговорна компанија Iute Credit по втор пат се приклучува кон иницијативата за подобрување на капацитетите училиштата вклучени во проектот и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба, а Општина Прилеп, која е дел од семејството на грантисти на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, со задоволство ја потврди неопходноста од развивање на партнерски однос со цел создавање на инклузивни училишта во земјата.

Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е финансиран од Европската Унија. Ова катче всушност е од суштинско значење за вклучување на учениците со попреченост во образованието.

 

Би можело да ве интересира

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијат

Во Битола, Крушево и Охрид највисока снежна покривка

Гордана Цветаноска

Од денеска јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе