30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Еден пожарникар повреден во гаснењето на пожарот на старата градска библиотека (ФОТО)

Напуштениот објект од старата градска библиотека во Прилеп вчера, понеделник (17.10.2022 )во попладневните часови околу 16 часот бил зафатен од пожар. Според информациите од ТППЕ Прилеп опожарена е спратната конструкција, кровот и таванот од објектот. По брзата интервенција од прилепските пожарникари со 3 возила со 10 пожарникари, кои добиле припомош за достава на вода и од ЈКП Комуналец Прилеп со 2 возила и 3 екипи, спречена била голема штета на неколку куќи се лепенки со објектот на старата библиотека. Во битката со огнената стихија  (од 16 и 30 до 19 часот) еден пожарникар од ТППЕ Прилеп бил полесно повреден од огнена топка од зафатените ѓерамиди.

Би можело да ве интересира

СВР Битола-ОВР Прилеп: Категорично и целосно ги демантираме дезинформациите во изјавата од градоначалникот на Општина Прилеп

Прилеп: Регистриран уште еден нов случај на заразен од Ковид 19

(ВИДЕО)Древната кинеска техника Таи Чи ќе се практицира во прилепската Школа за мајчинство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе