3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(13)

Пишува: Зоран Момироски

  • ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ И ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ГЛАВНИ ФАЦИ НА МИНАТО НЕДЕЛНАТА ТРИБИНА НА СДСМ ВО ПРИЛЕП. ДУРИ ЦАКИО  ОПНАТ И ПОГЛАВЕН ОД НЕГОВИОТ ЛИДЕР. АМА НАЈГЛАВЕН ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. СЕ ГУШНУВА И БАКНУВА СО ТАЧЕ  И СО ЦАКИО ТОПЛО И ДОЛГО. АМА  И ПРАЌА ПОРАКА: ГЛЕДАЈТЕ ТУКА СУМ ЈАС ДРУГАРЧИЊА МОИ..ЕМ САКАН, ЕМ ПОЧИТУВАН ОД ГЛАВНИВЕ – А ВИЕ ПРИСУТНИТЕ МОЖЕТЕ ДА МИ ,,ПЛУКНИТЕ“ ПОД ПЕНЏЕРЕ. НИТУ СУМ СО МОИТЕ БЛИСКИ,  ИНАКУ ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА МАКСИМ, НИТУ СО ВАС ШТО МЕ КРИТИКУВАТЕ И МРАЗИТЕ. БИДЕЈЌИ ЈАС ОДАМНА ГО ИМАМ ПОДЕЛЕНО СРАМОТ, РАЦИОНАЛНОТО И  ЕМОЦИОНАЛНОТО.

 

  • ПОВЕЌЕ МОТИВИРАН ОД ГУШКАЊЕТО И БАКНУВАЊЕТО СО ИЛИЈА, ОТКОЛКУ ОД ПРИСУСТВОТО НА ЛИДЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ВО СВОЈ СТИЛ ЦАКИО ДРЖИ ГОВОР.  КОГА ПИСНА ЗА НЕСПОСОБНОТО РАКОВОДЕЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, СТРАВ И СРАМ  ДА ГО ФАТИ ЧОВЕК ШТО Е ПРИЛЕПЧАНЕЦ И ШТО Е ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ИНАКУ НА ОВАА ТРИБИНА И ПРЕТХОДЕШЕ РЕАКЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. ВО СТИЛОТ НА ОЛИВЕР МЛАКАР ОНАКА ОДВАЖНО МУ ПОРАЧА НА ТАЧЕ ОТКАКО ГИ ИЗГУБИ СДСМ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НЕМА ШТО ДА БАРА ВО ПРИЛЕП. ГИ СЛУШАМ ДЕЈАН, А ПОТОА И ЦАКИО И СИ ВЕЛАМ: САМИ ,,МАЈМУНИ“ СЕ ПРАВИТЕ ЗА ПУСТИ ФУНКЦИИ ИЛИ МАЈТАП СО НАРОДОТ СИ ИГРАТЕ?! ОСОБЕНО КОГА ДВАЈЦАТА  ЗНАЕТЕ ДЕКА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО И СЕГАШНИОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ОД ИЗУТРИНА СО ЧАСОВИ СИ СЕДЕЛЕ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКИОТ КАБИНЕТ И ВО ПРИСУСТВО НА ЕДЕН СОВЕТНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ СИ ПРАВЕЛЕ РАЗЛИЧНИ МУАБЕТИ И КОМБИНАТОРИКИ.

 

  • НА ФБ ПРОФИЛИ НА ДОЛГОГОГОДИШНИ ИДЕЈНО ОПРЕДЕЛЕНИ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ НА КОИ ЗА ЧЕСНОСТ И РАБОТЛИВОСТ ЧОВЕК ТРЕБА КАПА ДА ИМ СИМНЕ, А СЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ЈАВНО КАЖУВААТ ДЕКА И ПРИЛЕП ТИ ИМА СВОЈ ШПИЦЕН ГРАДОНАЧАЛНИК. ПА БАРААТ ВО КАБИНЕТОТ НА ЈОВЧЕСКИ ДА СЕ ПОСТАВИ УШТЕ ЕДНО БИРО ЗА ДА НЕМА ПОЈДЕЛЕ – ДОЈДЕЛЕ. ДЕКА ТЕНДЕРИТЕ ОД ЈОВАНОСКИ СИ ГИ ПРОДОЛЖУВА ЈОВЧЕСКИ, ИСТИТЕ ТИЕ ТЕНДЕРИ И ФИРМИ КОИ ВО КАМПАЊАТА БЕА ОПРАВДАН ДЕЛ ОД КРИТИКИТЕ И ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ.

 

  • ПОРАНО ИМАШЕ ДВА ГЛАВНИ ЦЕНТРИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА И МАНИПУЛАЦИЈА:  ЕДЕН ОД ОК НА ВМРО-ДПМНЕ И ЕДЕН ОД ОО НА СДСМ. СЕГА ИМА ТРЕТ – ЗАЕДНИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ЛАГИ, МАНИПУЛАЦИИ И ПСИХИЧКИ ЛИКВИДАЦИИ. ТРЕТИОВ Е МНОГУ ОПАСЕН. ЗА ПРИНЦИПИЕЛНИ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ. НО  И ЗА НЕУПАТЕНИ ВО БРОЈНИ ,,ВАЛКАНИ“ ИГРИ. ДЕНОВИВЕ ОД ОВОЈ ЗАЕДНИЧКИ ЦЕНТАР  ВО СВОЈ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ МУ БИЛ ПЛАСИРАН ЛАЖЕН СПИН НА ЕДЕН ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СДСМ. ПРИКАЗНАТА БИЛА ДЕКА  ИСТАКНАТ ЧЛЕН НА СДСМ  КОЈ ЖИВЕЕ ВО СТРАНСТВО, А  Е БЛИЗОК НА СЕГАШНАТА РАКОВОДНА СТРУКТУРА НА ПРИЛЕПСКАТА ПАРТИЈА, ТАЈНО ЌЕ БИДЕ ВО МАКЕДОНИЈА. И ТОА  НА УШТЕ ПОТАЈНА  СРЕДБА СО МАКСИМ ВО КУМАНОВО. ДО КАДЕ МУ ОДИ МОНСТРУОЗНИОТ МОЗОК НА МОНСТРУМИ КОИ ЦЕЛ ЖИВОТ МАНИПУЛИРААТ СО ЧЛЕНОВИ ОД СДСМ, СО ЧЛЕНОВИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И РЕШАВААТ ТУЃИ СУДБИНИ?! ОТКАКО Е УТВРДЕНО ДЕКА СПИНОТ Е ЛАЖЕН САМО СО ЦЕЛ ДА МУ СЕ НАШТЕТИ НА СЕГАШНОТО РАКОВОДСТВО НА ПРИЛЕПСКОТО СДСМ ИМА  СТАВ СО ВАКВИТЕ МАНИПУЛАТОРИ ДА СЕ РАСЧИСТИ ДО КРАЈ. СЛИЧНА МЕСТЕНКА МУ Е ПОДГОТВЕНА И НА ВИСОК ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК ОД ПРИЛЕП ВО МВР. И ЗА ЕДНИОТ И ЗА ДРУГИОТ СЛУЧАЈ КОЛКУ ЗНАМ СЕ ПОДГОТВУВА АНАЛИЗА КОЈА ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНА ДО АМБАСАДА НА МОЌНА СТРАНСКА ДРЖАВА. Е ТАМУ ЗА ЖАЛ  НЕМА БАКНУВАЊА ГУШКАЊА ПОТЧУКНУВАЊА ПО РАМЕНЦА И ЛАЖНИ СПИНОВИ. ТАМУ ИЛИ СИ ЧОВЕК ИЛИ НЕ, ИЛИ СИ ЧЕСЕН ИЛИ СИ МАФИЈАШ.

 

  • ПОВЕЌЕ ОД 10 ДЕНА ВО ПРИЛЕПСКАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА ТОПЛА ВОДА НЕМА. ОПЕРИРАНИ ПОРОДЕНИ  НОВОРОДЕНЧИЊА И ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ИМААТ ИЗБОР ИЛИ ДА СЕ МИЈАТ СО ЛАДНА ВОДА ИЛИ СО ПРИТОПЛЕНА ВОДА. ИЛИ СО ТОПЛА ДОНЕСЕНА ОД ДОМА. ИМА И ТРЕТА ОПЦИЈА НА ЧАС – ДВА ДОКОЛКУ Е МОЖНО ДА БИДАТ ПУШТЕНИ ДОМА ДА СЕ ИСТУШИРААТ И ПАК ДА СЕ ВРАТАТ ВО БОЛНИЦАТА. ОД ОВАА ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВЕЛАТ ДЕКА ПОРАДИ ГОЛЕМ ДЕФЕКТ ВО СОПСТВЕНИОТ СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ МОРА ДА РАСПИШАТ ТЕНДЕР ЗА ДА МОЖЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА  ФИРМА ДА ГО ОТСТРАНИ ДЕФЕКТОТ. ПОСТАПКА КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАВРШИ ЗА ДЕН ДВА, ПА ДУРИ ПОТОА  ДА СЕ ОСПОСОБИ СИСТЕМОТ ЗА ТОПЛА ВОДА.

 

  • ВЕЌЕ НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО СМЕТКИТЕ НА ЈКП КОМУНАЛЕЦ И ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ. САКАЛЕ ИЛИ НЕ ЗА КОМУНАЛЕЦ ДОМАЌИНСТВАТА ЌЕ ПЛАЌААТ 67 % ПОВИСОКИ СМЕТКИ А ОПШТИНАТА ЗА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ПЛУС  20 % ПОВЕЌЕ. СЕГА ПРОБЛЕМ Е ШТО СО ОВИЕ ЗГОЛЕМУВАЊА ГРАДОТ Е ТОЛКУ ЧИСТ ШТО ПРОСТО ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА ПОВЕРУВА?! А БЕ МЕД ДА СЕ ТУРИ СЛОБОДНО МОЖЕ ДА СЕ ЛИЖИ!!! А И ВРАБОТЕНИТЕ ОСОБЕНО ОНИЕ КОИ ГИ ЧИСТАТ УЛИЦИВЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО ИМ ДОНЕСЕ ПОСИГУРНА ПЛАТА. САМО КУТРИ ЛУЃЕ НЕ ЗНААТ ШТО ИМ ЗНАЧИ СТАВКАТА ВО ПРЕСМЕТКАТА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА. КОГА СО ЗАКОН МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Е 18.000 ДЕНАРИ.

 

  • СЕГА ПАК ОД КАКО СЕ ЗГОЛЕМИЈА СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА, КАНАЛИЗАЦИЈА И ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ  ВЕЛАТ ДЕКА ВОДАТА ИМА ПОДОБАР ПОБЛАГОПРИЈАТЕН ВКУС. НЕШТО СЛИЧНО КАКО ШТО Е РАЗЛИКАТА КОГА ЧОВЕК ЈАДЕ ЖИВИ И ПРЖЕНИ ПЕЧУРКИ. ОСОБЕНО ОВИЕ КОГА ПРЖЕНИВЕ СЕ ЗАЧИНЕТИ СО ВКУСНА ЛУТКА ЦРВЕНА ПИПЕР.

 

 

 

   

   

Би можело да ве интересира

Секојдневни автобуски линии од Прилеп до Хрватска, Словенија и Албанија

Пела Редакција

Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Пела Редакција

(17.10 2024) Неколку улици без струја

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе