11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Новиот филм „Кајмак“ на Манчевски ќе се прикажува во Прилеп

Во киното Мис стон при НУЦК „Марко Цепенков“ на 17 ти, четврток, од 19.30 часот премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“. Покрај премиерата предвидени се уште 2 проекции и тоа: петок на 18 ти и сабота 19 ти  со почеток од 19.30 часот.

Филмот говори за две семејства кои си ја бараат среќата – пристојни на почетокот, среќни на крајот. Играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ.

Милчо Манчевски освен што е потписник на режијата , автор е и на сценариото. Филмот „Кајмак“, е копродукција меѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж и спаѓа во жанрот црна комедија.

Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 12 и од 17.30 до 19.30 часот.

 

 

Би можело да ве интересира

Прилеп конечно доби проект за нов театар

Јовчески: Апелирам МВР – ИТНО И НЕОДЛОЖНО да преземе мерки за заштита на граѓаните на Прилеп!

Александра Трајческа: Пренесов убава енергија на Макфест

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе