Турските бизнисмени, кои имаат успешни бизниси во областа на текстилната индустрија, градежништвото, хотелиерството, производство на амбалажа, автомобилска и дрвна индустрија, производство на мебел и сл., денека беа во посета на Општина Новаци и се интересираа за можностите за инвестирање и проширување на својот бизнис во оваа општина. Делегација од 24 бизнисмени, кои имаат долгогодишни успешни бизниси во Сакариа, Турција, остварија средба со градоначалникот Стевче Стевановски и претседателката на Советот, Славица Најдовска Стојковска и се запознаа со можностите кои ги нуди оваа општина.
„ Големо мие задоволството што можам да бидам ваш домаќин затоа што сите заедно имаме иста цел да направиме раст и развој во Општина Новаци, да отвориме нови работни места и да го подобриме квалитот на живот на населението кое гравитира во овие простори и се разбира во поширокиот регион. Во рамките на новото УПС на Новаци предвидуваме проширување на Индустриската зона од причина што заинтересираноста на потенцијалните инвесритори се зголемува. Ако ја постигнеме оваа цел која ја зацртавме пред неполна година со задоволство како што се договоривме ќе имаме голем дел од Сакариа во Новаци. Со овие ваши инвестиции ќе покажеме дека Новаци е сериозен подржувач и привлекувач на странски инвеститори.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Турските бизнисмени најмногу се интересираа околу постапките кои ќе следат за продажбата на земјиштето, подготовката на основните проекти за изградба на фабриките, правилата и законските прописи и регулативи и сл.
„Ние сме млади луѓе кои сме ентузијасти и кои сакаме да работиме и нормално да направиме нешто големо за развојот на нашата општина.Оваа измината година направивме многу за Индустриската зона во Новаци иако истата постои како идеја веќе години наназад, но во овој изминат период од 1 година успеавме голем број на тешки и обемни процедури да ги донесимево завршна фаза. “ рече Славица Најдовска Стојковска, претседател на Совет на Општина Новаци.
Дел од овие стопанственици веќе имаат регистрирано фирми со седиште во Новаци и се подготвуваат за постапката за купување на градежно земјиште кое наскоро ќе биде објавено на лицитација од страна на Општина Новаци.