3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Како Победа ќе го пречека Шкупи?!

Утре (27. ноември, недела, 13,оо ч)  во Прилеп, во меч од 16.коло во ПМФЛ, Победа го пречекува Шкупи, актуелниот шампион, еден од најдобрите тимови во нашата земја. Проблемот е што  Победа  моментно се наѓа во незгодна ситуација, играчите не тренираа подолго време, но од завчера се во тренажен процес и од нив се очекува да го дадат својот максимум во моментов.

Јавноста според изгледот на табелата прогласува фаворити. Но, шампионот не смета дека лесно ќе помине под Марковите Кули , а дека респект према Победа постои е токму тоа што екипата од Чаир ден пред мечот, денеска (сабота) пристигна  во Прилеп, за адаптација и да не патуваат на денот на натпреварот .

Натпреварот  Победа – Шкупи е утре, недела во 13 часот на Градскиот стадион “Гоце Делчев”.

За тоа што може да се очекува на овој натпревар, за “Спортмедиа“ стратегот на Победа, Бобан Бабунски изјавил:

Нема ништо ново да кажам дека ќе играме против еден силен тим, се знае кој е Шкупи, актуелен шампион на Македонија. Затоа е и фаворит, квалитетот е на негова страна. Но тоа не значи дека ние предвреме ќе се предадеме. Ќе играме фудбал, ќе одиграме најдобро што можеме во моментов и ќе се обидене да изненадиме. На крајот ќе видиме каков ќе биде резултатот“ 

Тони Мегленски, пак, член на Стручниот штаб на Шкупи за „Шампион.мк„ ја дал следната изјава:

„Сигурно нема да биде лесно. Шансите се 50:50. Се знае каква е атмосферата во Прилеп, особено кога доаѓа шампионот. Впрочем, Победа е квалитетна екипа, во Скопје ни зеде бод.„

А, прилепските навивачи сакаат само едно Победа да се врати на старите патеки и квалитетен фудбал на стадионот во Прилеп,  посочувајќи:  „Дајте ни фудбал да живееме здраво како навивачи“ – порачуваат тие!

Би можело да ве интересира

Победа со триумф за прва лига против Саса!

МЕЃУНАРОДНА ПРЕСМЕТКА ВО ПРИЛЕП ВО ЖЕНСКИ ФУДБАЛ

Елизабета Филипоска

ВО САБОТА БОКС ВО ПРИЛЕП : Четврто коло младинска и прва лига во бокс – технички организатор БК АС – Прилеп (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе