30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Витаминка партнер на ФФМ за младинскиот фудбал и Детската лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го најави најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига.

„Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот“, посочуваат од ФФМ.

„ Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон. „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации, “вели Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ.

„Со голема радост се приклучуваме кон фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, ќе бидеме уште поблиску до децата и ќе придонесеме кон нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство ја отсликува нашата посветеност кон заедницата и спортот,“ посочува Сашо Наумоски – генерален директор на Витаминка.

Фудбалската федерација на Македонија и Витаминка започнуваат заедничка иницијатива која ќе ги инспирира најмладите генерации да растат здраво, активно и со спортски дух.

 

Би можело да ве интересира

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

Сојузот на земјоделски здруженија бара да се интензивира откупот и да не се склучуваат договори за новата реколта

Следува екстремен топлотен бран, бидете внимателни

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе