26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

“Прилепските“ Грузијци најдобри на ракометниот турнир

Играчите на РК Прилеп, грузијците Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Реваз Чантурија и Мириан Гавашелишвили настапија во дресот на репрезентацијата на Грузија во финалето од ИХФ/ЕХФ трофејот во Тбилиси против Кипар (32:18). Во листата на стрелци се запишаа левото крило, Рустамов и неговиот колега кој игра на десната позиција, Чантурија. Рустамов беше втор стрелец со пет постигнати гола, додека Чантурија натпреварот го заврши со еден гол. Грузија на турнирот го освои првото место, без ниту еден пораз.

Третото место на ИХФ/ЕХФ трофејот го освои репрезентацијата на Бугарија откако беше подобра за нијанса од Молдавија со еден гола разлика, 26:25.

Место во бараж квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија освен Грузија обезбедија и репрезентациите на Кипар и Бугарија.- пишува порталот 24rakomet.mk

foto:https://24rakomet.mk

Би можело да ве интересира

Победа на тест за опстанок со Вардар

ЏК Сеишин на државните првенства во џудо за пионери и сениори освои 16 медали (ФОТО)

Никола Димески

Наскоро боксерска ревија во Прилеп (видео – промо)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе