4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Реакција: Не е успех откупната, да е иста со производната цена!

„Далеку е од реалноста уште подалеку од вистината дека тутунарите се задоволни од моменталната откупна цена. Премиерот и министерот мислејќи дека тутунарите се неписмени го кажуваат она што нив им се допаѓа, а вистината е дека освен со партиски тутунари немаат ни храброст па ни лице да се сретнат со другите тутунари кои ќе им ја кажат вистината за рекордната реколта во лице. Од вашите демагогии се гледа дека ниту знаете оваа работа колку е тешка, ниту колку е макотрпна затоа што не знаете што значи да станувате во 2 часот наутро секој ден и да му се поклонувате на сонцето бидејќи така се бери тутунот поклонет, па се до 10 часот пред пладне додека сонцето не ти го вжешти тилот.
А министре, вистината не е дека секоја капка сте ја ценеле, туку вие секоја капка пот ни ја цедите. Зборувате за историски највисока цена на тутунот, но зошто и не кажете дека и производната цена на килограм тутун е историски највисока. 240 денари почитуван Премиер и министер не чини килограм произведен тутун според трошоците за производство а вие се фалите со постигнати 260 ден,па што сме ние тутунарите за вас, луѓе или стока која работи како волот за слама. За да има задоволство во едно производство може да се смета кога откупната цена е многу повисока од производната или народски кажано кога има печалба. Според вас, успех ли е откупна цена која е еднаква на производната или во годинашниот случај за 20 денари повисока и тоа на почеток на откуп. За бројките кои ги очекувате за зголемено производство од 10% во оваа реколта набргу ќе бидете демантирани и ќе ви стане јасно колку се тоа задоволни тутунарите.
Кај тутунарите не постои повеќе задоволство и од висината на субвенциите кои со висина од 60 денари се проектирани во далечната 2010 година, а минимално зголемени во 2017.вие мислите и сега во 2023 година овие цени на субвенциите сеуште предизвикуваат интерес и внимание за и понатаму тутунарите ја произведуваат оваа стратешка култура? Или пак мислите дека задоволство предизвика новата мерка за подршка и набавка на модерна опрема со која си наградивте 29 партиски тутунари во целата држава со по 73 илјади евра. И за крај Вашата вистинска грижа за земјоделците се гледа дирекно преку фактот што за 2023 год. кога сите држави го зголемуваат буџетот за земјоделство вие го намалувате а тоа скапо ќе ги чини граѓаните кои ќе купуваат се поскапа храна од увоз, стои во реакцијата од Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

Финалето на Пивофест со: The For, Кал бенд, Даниела Мартиновиќ и Cyrillic

Гордана Цветаноска

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

8-ми Март – Ден на мудрата и силна жена

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе