Прилеп го празнува Свети Никола , заштитникот и патрон на градот.По тој повод утринава во црквата Свето Благовештение се одржа свечена божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Преспанско Плеагониски , г.Петар.Традицијата продолжува , со почит кон верата , прилепчани и годинава во посета на црковните храмови.
Денеска напладне пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.
Годинава домаќини на градската слава се сопствениците на “Теракота Инжинеринг” кои и ја подготвија посната трпеза за посетителите со традиционалниот светиниколски грав , сарми како и пијалоци.