10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Взаемнат поддршка пример за успех на двете училишта – Прилеп и Крушево

По повод патроникот празник на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп ,  СОУ „Наум Наумоски Борче„ -Крушево  и неговите ученици од угостителскиот отсек креираа прекрасни креации од храна, за прослава на патрониот празник на нивните пријатели и колеги, но  и за себе промовирање.  Со знење , умешност во сервирањето и аранжирањето, тие успаа да направата прекрасно аранжирана трепеза , подврдувајќи се себеси во кулинарските вештини.
На ваков начин двете училишта само потврдуваат дека , соработка и взаемното почитување можат да дадат резултати и да ги охрабрат учениците од Пелагонија при изборот на идната своја професија и идното свое училиште. И, резултатот од пофалби не изостана.
„ Професионално, посветено, едноставно беспрекорно. СОУ „Наум Наумоски Борче„ -Крушево се гордее со учениците Ирина Цикуроска, Зорица Смилеска, Христијан Конески, Филип Јованоски и Филип Стојанов,  како и нивните ментори од посебно стручните предмети.  Ви благодариме за достојното претставување и се гордееме со примените комплименти.“ напишаа пофални зборови наставниците од СОУ „Наум Наумоски Борче„ -Крушево,горди на своите ученици и професори-ментори.
А, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп  за својот патрон парзник , 21 -ви декември, направи честување. Го одбележа достоинствено и пригодно!

Во знак на почит кон својот патрон бројна делегација од училиштето, преставници од  останатита училишта од градот, Претседателот на Советот на Оптшина Прилеп  ,советници  и ученици, положи  цвеќе на споменикот Методија Андонов Ченто и на Могилата на победените,  а во чест на патронот,  учениците подготвија пригодна програма која ја презентираа пред присутните.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп ги награди најуспешните ученици од основните и средните училишта

Гордана Цветаноска

Годишен концерт на ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ Прилеп

Украс на Прилеп – парковите на ООУ “Климент Охридски”

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе