-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Победа поуспешна од актуелниот лидер

Победа ги зголеми шансите за опстанок во Првата фудбалска лига со големата победа од 2 : 1 против актуелниот лидер Шкендија во Струмица. Стрелци на головите Даноски во 40-та и Најдовски во 80-та минута, а за Шкендија Ибраими во 44-та минута. Решителноста да се постигне гол уште во првите 45 минути за Победа значеше постојан притисок и атакување на голот на шампионот што се исплатеше со голот на Зоран Даноски за водство од 1: 0 . Но, Бесарт Ибраими се погрижи за нерешен резултат по првите 45 минути, по одличната долга асистенција на Енис Фазлагиќ.
На десет минути пред крајот на мечот Енур Тотре направи фаул во својот казнен простор. Моментот на конечна одлука дојде од пенал по сигурен удар по земја на Филип Најдовски за конечни 2-1.
Трите бода против Шкендија влеваат голема надеж кај црвено белите за опстанок во елитното друштво. Наредното коло, што ќе се игра во среда на 2 мај Победа гостува кај Академија Пандев.
Победа е на 8-то место на табелата со 32 бода, а предноста пред Скопје и Пелистер кои се на последните места од табелата сега изнесува 4 бода.

Би можело да ве интересира

Заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

Прилепчанки играат „лудо“ и „газат“ се прeд себе. ЖФК Деспина Прилеп – ЖФК Шкупи 11:0

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе