3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Подарок од 500 комплет дресови од дијаспората за радост на прилепските деца

Благодарение на добрата комуникација и соработка на Опшштина Прилеп со македонското- прилепско здружение  „Методија Андонов -Ченто„  од Сиднеј, Австралија,  децата од Прилеп добија, за новогодишните и божикните празници, над 500 комплети спортски дресови и шорцеви.  Дресови со омилените фудбалски имиња и европски клубови добија учениците во основните училишта, детските градинки, дечиња од ранливите категории, талентирани ученици…

Со ова донација, велат од македонското – прилепско здружение од Австралија, „Методија Андонов -Ченто„ сакавме да дадеме мал придонес за нашата таатковина, за нашиот град, да израдуваме многу деца од Прилеп , да го поддржиме спортот и фудбалот.

„Нашите активности навистина се во оваа далечна земја, но нашите срца се секогаш таму каде што ни е татковината и родниот град“ –  истакнаа  членовите на македонското –    прилепското здружение „Методија Андонов -Ченто„ од Сиднеј,  задоволни што нивната донација стгна во вистинските раце и  најави вакви и слични донации за својот роден град и во следниот период.

А, спортската опрема,  не случајно, пристигна на адресата на одделенскиот наставникот о ООУ „Кочо Рацин“Гоце Бубароски,  кој е поборник за подобар наставно – образовн процеси и поквалитетно воспитно образование, вклучително и поквалитетно физичко образование.

 

Па, по ред, спортската опрема, најпрвен, беше распределена меѓу ученици, во 10-те основни училшта во Општина Прилеп (од градот и од населените места); дрсови и шорцеви со името на Меси, Роналдо, Хазард, Мпапе, Дракслер, Ериксен .. со боите на екипите на Јунајтед, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Тотенхем, Милан, Интер, Јувентус,  Барселона,  Реал Мадрид  .. добија и децата со посебни потреби,  деца од ранливите категории, дечињата од детските градинки, таленитрани ученици…И,се измина во духот на радоста и спортот!

Убавиот гест се случи , токму за празниците кога е време за дарување и потсетување дека човечноста и хуманоста не треба да биде  само во искажаниот збор,  туку и во создадните дела во рамките на човечката можност, а не од човечката нужност!

И,  затоа радоста кај децата на овие убави подароци им немаше крај.

Ова само потврдува колку малку е потребно за детски насмевки и среќни лица. Како еден позитивен пример на прилепчани кои живеат надвор од Македонија со еден убав гест можат да крираат празнична радост и среќа во својата татковина. Но, и одлична идеа и поттик за останатите здруженија во Македонија и во дијаспората, за  важноста на хуманоста, посветеност и грижа за татковина и луѓето кои живеат во неа.

Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“- Мајка Тереза

Би можело да ве интересира

Уште една жена исчезна во Македонија: Се трага по Лидија од Скопје!

Пела Редакција

На денешен ден почнало ослободувањето на Прилеп

Пела Редакција

Сеќавање на прилепската актерска легенда Благоја Спиркоски-Џумерко роден на денешен ден

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе