Осмоодделенката Кирана Иваноска, го освои првото место на светскиот фестивал WAF CONTEST 2023 кој синоќа се одржа во хотел Хилтон во Скопје, а Михаела Пурдеска, со своите 12 години, како најмала учесничка на натпреварувањето, го понесе второто место, со прекрасната изведба на „Firе“.
Прекрасниот музички телент Кирана Иваноска, на сцената изгледаше како принцеза беспрекорно покажувајќи го својот раскошен глас, а малата Михаела, токму како мала дама со стил, успеа со својата музичка дарба да го освои срцето на жирито. И, двете девојки се натпреваруваа во различни категории, со што потврдија дека Прилеп има квалитетни музички таленти кои во иднина можат да станат врвни музички имиња.
„Двете ученички на ООУ „Климент Охридски„ преставуваат гордост на училиштето“, напиша на социјалните мрежи директорот на ова прилепско училиште, горд што и двете девојки се ученички токму од оваа воспитно образовна институција, која го поддржува талентот.
Музичкито натпревар WAF CONTEST 2023 има интернациоанлен карактер каде што учестуваат напреварувачи од сите балкански земји, но и од Словачка, Украина, Казахстан, Чешка, Полска, Австрија и др. Натпреварувачите се натпреваруваа во различни категории, во зависност од возраста, а зедоа учество над 20 музички теленти. Од Прилеп, покрај Кирана Иваноска и Михаела Пуредеска, на ова натпреварување учествуваа и малата Бисера Мојаноска, Мила Москов, Марија Јаковлеска, Благица Велјаноска, Јована Јанкулоска, Марија Наумоска,..генерално, ученици на Музичкото училиште „Matrix“ Прилеп.