30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ ПОЧИНА ИЛИЈА ВЕЛКОСКИ – ЅАНАТА

Синоќа во Прилеп, на 73 годишна возраст почина Илија Велкоски – Ѕаната ( 1949-2023). Илија Велкоски беше историчар на уметност, исклучителен  професионалец, посветен на работата, но и неуморен во промоција и развој на културата во Прилеп.
Истакнат во својата област, Велкоски долги години успешно ја предводеше Националната установа „Завод и Музеј“ Прилеп, како нејзин директор, а воедно бил директор и на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Прилепчани и македонската јавност ќе го паметат како исклучителен познавач на историјата и културното наследство на Прилеп и Македонија.
 Како познавач и почитувач на традициите од НОБ Илија Велкоски ја извршуваше функцијата претседател на општинската организација на Сојуз на борци-Прилеп.
Илија Велкоски Ѕаната беше погребан денеска на Градските гробишта. Во негова чест и почит утре, 11 јануари, со почеток во 11 часот, во ОО на Сојузот на борци Прилеп ќе се одржи комеморација.

Би можело да ве интересира

Зголемен водостојот на реките

Заев на средба со прилепските стопанственици – инфраструктурата во фокусот

Како да ги зачуваме старите занаети во Прилеп?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе