недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Групата “Марифет” вечер на камената бина

Како дел од проектот “Од 0 до култура”, вечерва со почеток од 21 часот на Камената бина во центарот на Прилеп, свој настап ќе има групата “Марифет”. Познатата прилепска група пред прилепчани ќе се претстават со репертоар на евергрини.

Досега во рамките на проектот кој започна од 4 јули учествуваа 10 тина прилепски групи, кои ја анимираат публиката со различни музички стилови: на 4 ти јули настапија The Schmucks tribute to CREEDENCE, на 11 ти јули – LOCKDOWN tribute to Prljavo kazalište,  на 18 ти јули – The Flames tribute to Red Hot Chili Peppers, на 25 ти јули – Rock Blues Band tribute to The DOORS, на 1 ви август – The Dreamers tribute to, 8 ми август – BANDA BEND tribute to NIRVANA, 15 ти август – The Doctors tribute to QUEEN; на 22 ри август – Crossroad Blues Band tribute to Eric Clapton…

Примарна цел на  проектот “од нула до култура ” кој се одржува по втор пат во организација на Општина Прилеп, е афирмација и промоција на млади прилепски групи, да делува врз публиката со квалитетна музика и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци.

 

Би можело да ве интересира

ЗА РАДИО ПЕЛА : Гарантирано одлична забава на концертот за 20 годинишниот јубилеј на дуото ДНК (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Концерт на оперски арии, дуети и соло пеење во НУЦК„Марко Цепенков“ (видео)

Нема монодрами и дуодрами, ниту претстави од независни продукции или ад хок груп на овогодишниот МТФ „Војдан Чернодрински„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе