Во Галеријата Аче во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, на 28.0.2023 година, во сабота во 11.00 часот ќе биде отворена изложбата “Патување” на уметникот Филип Јовески. Ќе бидат поставени уметнички дела изработени во комбинирана техника, работени во 2022/23 година. Оваа изложба претставува нарација низ линија и форма, приказна низ дводимензионални и тродимензионални истражувања и патување раскажано преку интерпретација на едни фантастични предели, поинакви од овие нашите, но сепак толку блиски.

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, Магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија, меѓу кои и новата детска градинка во Точила, Прилеп.
Учествувал на повеќе групни ликовни изложби, како и на сликарски и вајарски колонии и интердисциплинарни уметнички проекти. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.