11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Советот на Општина Прилеп ја одржа првата седница годинава

Советот на Општина Прилеп ја одржа 21 вата седница, или прва за тековнава година. Советникот Дениз Мустафоски од редовите на опозицијата го напушти советот, а на негово место дојде Мирјана Крстеска, како последователна од листата на опозициската партија.  На дневен ред беа 28 точки, меѓу кои советниците одлучуваа за инвестициски планови на јавните и училиштата.

– Како поважни би ги издвоил неколку точки: финансиски планови за 2023 година за сите основни и средни училишта, финансиските планови и планови за инвестициски вложувања ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ и на ЈКП Водовод и канализација. Исто така на дневен ред на оваа седница, беше извештајот за работата на Советот за 2022 година кога беа донесени повеќе популарни одлуки кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани како што се:  Програмата и правилникот за доделување на еднократна парична помош за секое новороденче на територија на општинава, оваа одлука ќе важи и за 2023 та година, што значи 6 000 денари за секое семејство кое што добило принова во 2023 та година. Постапката е многу едноставна и ги охрабрувам граѓаните да ги искористат овие средства кои што се поместени во Буџетот. Едно јавно претпријатие во 2022 година по постоење од скоро 20 години доби сопствен дом, тоа е ЈП за просторно урбанистичко планирање, објектот кој што беше во сопственост на Општината му беше даден на трајно користење на ова ЈП; Беа донесени одлуки за доделување на финансиска поддршка на невладини организации, спортски клубови; Преку Комисијата за елементарни непогоди помагавме на секое едно семејство кое што има некоја незгода и ред други програми кои што ги има во Буџетот.

Влеговме како Совет во еден проект за зајанување на капацитетите на советите, во фаза 2 на  UNDP, која што очекуваме овој период нашата сала за одржување на состаноците, на седниците на Советот да биде оплеменета со нова техника и технологија, со која што ќе даде дополнителен квалитет на седниците бидејќи преносот оди во живо веќе 1 година; Пред самиот крај на минатата година донесовме и одлука за пошумување и со тоа исполнивме уште едно ветување кон граѓаните и како Совет се заложивме  за подобра и почиста животна средина, посочи Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Воедно на денешната седница била формирана Комисија за родова еднаквост, а советниците потпишале и Заложба за креирање на соодветна програма за работа на комисијата.

Би можело да ве интересира

Комуналец Прилеп: Исчистивме над 20 диви депонии, акциите продолжуваат

Гордана Цветаноска

Се дигитализира архивата на театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп

Гордана Цветаноска

Прилепски компании доброволно ќе шијат заштитни маски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе