30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Дизелот поскапува за 3 денари од полноќ!

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,5 денари за литар, на дизелот за 3, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека мазутот поскапува за 0,977 денари за килограм.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 89,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 92 денара, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 101,50 денари, а екстра лесното масло 97,50 денари. Цената на мазутот ќе изнесува 53,955 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

Би можело да ве интересира

Селото Пресил очекува канализација

Александар Јовевски со виртуозен концерт во Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

Се зголемува буџетот на Општина Прилеп за 12,7%

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе