5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Победа “прегазена“ од Лозница со 8:0 на пријателски натпревар во Србија

Победа доживеа дебакл против српскиот второлигаш Лозница (0-8) на пријателски натпревар Лозница- Победа 8:0. Тоа, пишуваат српските медиуми,  го разлутило стратегот на Лозница,  Небојша Нешковиќ.

Нешковиќ по натпреварот изјавил дека не е задоволен поради потегот на Победа да не настапи со најдобрите фудбалери.

„Очекувавме квалитетен противник со кој може да ги одмериме силите, но Победа не излезе во најсилниот состав. Навистина ми е жал, се чувствуваме измамено, не очекувавме ваков ривал на теренот“, кажа Нешковиќ.

Прилепчани на дуелот против Лозница истрчале со комбиниран тим, со пауза за првотимците кои ден претходно играа со Вождовац, со што ги налутиле домаќините кои очекувале квалитетен тест-дуел а добиле тренинг со екипа која аматерски се однесувала на теренот. Како што пренесуваат србските медиуми, македонските фудбалери во текот на целиот натпревар успеале да упатат само еден удар во рамката од голот на Лозница.

Инаку, Победа во моментов е деветта во Првата лига со 13 бодови и ја чека долга битка за опстанок во елитата.

Би можело да ве интересира

На турнирот „Миле Нешкоски“ прилепчани ќе се борат за финале

Пела Редакција

(ФОТО) Џудистот Јован Најдоски е најуспешен натпреварувач во 2018 година

Елизабета Филипоска

AMC : Објавена е листата на спортски клубови кои ќе имаат ваучер за 2023 година (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе