недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Прилеп се подготвува, (видео) Битола на дело за помош на настраданите од земјотресот. Како другите македонски градови помагаат?

Битолчани , без оглед на минусните температури,  ја покажаа големата хуманост, со донации за помош на настраданите семејства од земјотресот што ја погоди Турција и Сирија.  Поставија неколку пунктови за собирање облека и обувки, вода, постелнина, со цел да ја дадат својата поддшка за семјствата настрадани во Турција и Сирија.Сликата преземена од поратлот “Бабам Битола„

На пунктот кај Магнолија,  носејќи облека,  јоргани, обувки,  производи купени од маркет, битолчани безрезервно даруваа, бидејќи велат „Нивното скромно малку за некој ќе биде многу.„

„Денеска сите битолчани беа ХЕРОИ“, пишуваат битолските медиуми.

Прилеп понеделник на вонредна седница на Советот на Општина Прилеп ќе донесе одлука за донирање на средства како помош за настраданите во земјотресот. A, грѓаните на Прилеп сами се организираат да донираат со свои донации кои планираа да ги оставаат пред спомникот на Крали Марко, пишуваат  одредени прилепски социјални групи.

Од Охрид , 8 пожарникари заминуваат во спасувачка мисија во Турција со цел да се помогне во извлекувањето на настраданите, а градот одлучи да донира 10.000 евра.

Општина Битола,  донира финансиска помош во износ од 500.000 денари.

Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука да издвои финансиска помош од 300 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција, и 150 илјади денари за настраданите во Сирија  и денеска испрати 5 пожарникари за извлекување на настраданите.

Град Скопје ќе донира по три милиони денари за Турција и Сирија

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски,  донираше сопствени средства за купување облека, за семејствата погодени од катастрофалните земјотреси кои ги зафатија Турција и Сирија, објави Фудбалска Репрезентација на Македонија.

Плоштадот Македонија во Скопје полека станува претесен за донациите кои скопјани ги собираат . Затоа амбасадата на Турција ќе објави протокол како граѓаните и иницијаторите на собирање донации ќе можат да им помогнат на погодените турски државјани.

Црвениот крст досега собрал 10 милиони денари парична помош.  Најголем дел од компании, а македонските граѓани на дело ја покажаа својата хуманост – за само неколку дена собрани биле  3,3 милиони денари преку бројот 143 – 400.

Би можело да ве интересира

Автомобил удрил во мопед-прилепчанка тешко повредена

Пела Редакција

Утре, среда, прекин на електричната енергија на повеќе прилепски улици

Пела Редакција

Радио Пела во живо од полуфиналето и финалето на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе