Додека едни доброволно чистат и уредуваат, се обидуваа да создада зелена, чиста и уредена животна средина, да поттикнат и мотиврираа како граѓанската иницијатива МОЈ ПРИЛЕП, на други тоа ништо не им значи и без пардона, со краен безобразлук и непочитување на другите, и на природата, слободно фрлаат отпад каде што ќе најдат простор и ќе им текне.Така се случи и овој пат, на што реагираа од ЈКП “Комуналец“-Прилеп.

Убавините на паркот Могила, гордост на градот, беа нагрдени од несовесен бизнис субјект кој без трошка одговорност исфрлил цел камион со отпад: картонски кутии, пластични и дрвени гајби, гуми и друг комунален материјал. Иако депонијата Алинци е бесплатна и достапна на само 11 километри од Прилеп, повторно градот сведочи на намерното загадување и уништување на јавниот простор.
Комуналец го исчисти отпадот, но останува горчливото прашање: зошто некој свесно би ја нагрдил најрепрезентативната зелена површина во градот? Ова не е ниту разумно, ниту човечно, а најмалку домаќински. Дополнително револтира фактот што голем дел од отпадот може да се селектира и рециклира.
Со вакви постапки не се уништува само паркот, туку и достоинството на заедницата. Време е да се покаже одговорност – отпадот има свое место, а тоа не е срцето на градот.Граѓаните бараат одговорност, парични казни и поставување на видо надзор со цел да се “ловат“ сторителите.


