17.9 C
Прилеп
понеделник, 13 јули, 2026
Пела Радио

Под знамето на Македонија Митанов, најмалиот учесник, го имаше првиот меч на ЕП во билијард У17

Започна  Европското Првеснтво во билијард за У17 , во кои прилепскиот најмлад билијард играч, Марко Миранов денеска го имаше и првиот меч во дисциплини 14.1 Straight Pool.
Тројцата јуниорски репрезентативци: Илија Димовски , Андреј Ѓјурчиновски, Марко Митанов  ја претставуваат Македонија на Европското првенство во билјард во У17 и У19 , кое од 13 до 21 јули се одржува во Подчетртек, Словенија.
На отворањето на првенството се вееше македонското знаме:
Македонските натпреварувачи ќе учествуваат во две старосни категории, а ќе се играат четири дисциплини: „осумка“, „деветка“, „десетка“ и 14.1.
Прилeпското момче – репрезентативец,  Марко Митанов со 11 години е најмлад учесник на  европското за играчи до 17 години. Ова е прв настап на Митанов на еден голем континентални собири, при што тој со својот талент и знаење очекува и пласмани на висока позиција, најмалку пласман во четвртфиналето од ова младинско натпреварување.

Согласно пропозициите, младинците играат во четири поединечни дисциплини, а некои земји се натпреваруваат и во екипна конкуренција.

Македонските натпреварувачи се натпреваруваа во низата меѓу вкупно 91 пријавени играчи од триесетина европски земји учеснички..

Би можело да ве интересира

Нови засилувања во Победа, а Даноски заминува

(Видео) Поради сообраќајна несреќа на гостите не се одржа финалето на светиниколскиот турнир

Пела Редакција

Во ривалството меѓу Прилеп и Тиквеш, ќари Тиквеш

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе