14.5 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Прилепчанец загина, а двајца се повредени при удар на воз во патничко возило

Прилепчанец загина, а двајца се повредени при удар на воз во патничко возило на железнички премин во населбата “Сточен Пазар” во Прилеп.

Утрово, во 3.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп.

На местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Физичките напади меѓу прилепчани стануваат секојдневие

Елизабета Филипоска

Пронајдена дрога во Битола и Прилеп, приведени три лица

Гордана Цветаноска

Taтко го нападнал синот, полицијата го приведе

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе