6.8 C
Прилеп
сабота, 7 декември, 2024
Пела Радио

Апел: Да не се палат стрништа, голема е опасноста од пожари, а високи се и казните!

Редовна седница денеска одржа Регионалниот штаб за управување со кризи во координација со Дирекција за заштита и спасување, општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. На седницата биле разгледувани прашањата поврзани со превенција и заштита од евентуални поплави и пожари како резултат на климатските промени и координација на институциите и службите.

Во изминатиов период имавме премногу пожари на отворен простор. Состаноков е рано сеуште во февруари месец да зборуваме за пожари на отворен простор, но од почетоков на годинава до сега 130 пожари на отворено се регистрирани. Иако тие пожари се на стрништа, во шуми сеуште нема зафатено, но има преголема ангажираност на ТППЕ Прилеп и другите субјекти кои што делуваат на терен.

Покрај пожарите имавме повикано претставници и од здравствениот сектор за да се запознаеме каква е состојбата со заразни болести, како и претставници од институции кои делуваат за превенција и справување со поплави, бидејќи овој период вообичанено се создаваат услови да се случуваат такви природни непогоди, посочи Илко Петкоски раководител на ПЕ на РЦУК Прилеп.

Координацијата на службите е превентивно да се делува и да се ублажат последиците, а апел беше упатен до земјоделците и сточарите:

Еден апел до сите граѓани да не палат стрништа, кој што ќе биде проследен преку подрачните единици на МЗШВ и Државниот инспекторат за земјоделство по сите населени места, а инспекторите за сточарство до сточарите ќе го проследат апелот и во писмена форма со цел да ги избегниме овие пожари на отворено навремено, напомена Петкоски.

Казните за предизвикување пожар на отворено се движат од 1 000 до 5 500 евра. Екипите на Водостопанство Прилепско поле работат на одводните канали кај Крушеани во општина Кривогаштани според програмата предвидена за годинава. Инаку, постајаните кризни локации на територија од регионов на трите општини е коритото на Дабничка река кое неконтролирано се полни со смет од граѓаните; кај мостот на Димо Наредникот во Прилеп состојбата е слична; во долненско има неколку критични точки: кај Лажани каде пак неконтролираната  градба е проблем бидејќи се подигнуваат објекти и во каналскиот дел од мрежата; во близина на Секирци се појавуваат често наноси при поројни дождови.

 

 

Би можело да ве интересира

Невладината ЦГИ донираше 34 таблет компјутери за учениците од Прилеп и Долнени

Гордана Цветаноска

Радио Пела второ по слушаност од локалните радио станици во Македонија

Гордана Цветаноска

Се санираа ударните дупки со т.н „ладен асфалт“ како нов метод кои ќе се користи во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе