16.3 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Најдобра маска на прилепскиот карневал е групната маска „Флинстонови „

Гран при награда за најдобра маска на прилепскиот карневал „Прочка 2023„ беше групната маска од ООУ  Блаже Конески насловена како „Флинстонови „ , така  одлучи карневалското жири  во состав: Кире Миладиноски, Александар Цветкоски и Тони Чатлески.

Првото место им припадна на  групната маска „Адамс Фемили“ од ООУ Добре Јованоски-Прилеп , второто им беше доделено на групната маска „Срцето на градот“ од ООУ  Гоце Делчев – Прилеп, а третото место им припадна на  грипната маската „Хакуна Матата“ од ООУ  Кире Гаврилоски-Прилеп.  За најдобра поединечна маска беше избрана маската „Мила – Волк-Ајкула“ . На карневалот во Прилеп имаше голем број на маски и  маскрани групи, кои не зедоа официјално учество на дефилето, но сепак го надополнија карневалот со своите оригинални и креативни костими, а како по традиција најголемо внимание привелкуваа традиционалните маски, Мечкари, Џоломарите…

Инаку, преку 500 маски од Прилеп и Македонија , со близу 1000 учесници,  се претставија во центарот на Прилеп на главното дефиле. Почетокот на карневалското дефиле го означија мажоретките и маската „Прилепски мечкари, која како и секоја година привлече најмногу внимание.

Посетители на годинашниот 21 -ви карневалски фестивл во Прилеп имаше и од земјава и од странство.

Со Меѓународниот Карневал „Прочка“  Прилеп е влезен во Европската карневалска федерација – ФЕЕК, чии преставници беа присутни на карневалот „Прочка 2023„.

 

 

Би можело да ве интересира

Импресивни 60 фотографии од 60 учесници на изложбата „Јордан Зазоски- Зазо„

Елизабета Филипоска

Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

Пела Редакција

Украл 3 возила и и’ признал на полицијата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе