11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Училишните смотри стартуваа со „Волшебните насмевки“ од ООУ Гоце Делчев (Фото галерија)

Весело и разиграно беше синоќа на сцената од Центарот за култура Марко Цепенков. Започнаа училишните смотри.

Традиционално, смотри за основните училишта во Прилеп ги отвора ООУ Гоце Делчев по повод нивниот патрон празник – 4 мај – денот кога годинава се одбележуваат 115 години од смртта на големиот револуционер. На сцената од Центарот за култура Марко Цепенков се претставија со свои музички настапи и сценски повеќе од 350 ученици од сите паралелки. Учениците се подготвуваа во рамките на воннаставните активности систематски подолго време за својот настап, така што беа опфатени учениците од сите возрасни групи од 1 -во до 9- то одделение. Со поддршка на своите наставници, на задоволство на многубројната публика, учениците се претставија со 22 точки под мотото „Волшебни насмевки“

Би можело да ве интересира

„Од колено на колено“ вечерва во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Концерти и изложба по повод Осми март

Пела Редакција

(Фото+Видео) „Бела вода“ го полни Прилепското езеро

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе