„На младите им треба Младински центар “- потенцираа денеска група на млади во рамките на проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“ на невладината, Младински Совет Прилеп. Своите потреби и барања, за создавае на ваков простор, им ги пренесоа и на градските власти, кои присуствуваа на дебата и се заложија да им помогнат на младите.
„Младинскиот центар би бил простор каде што на квалитетен начин младите ќе можат да го поминат своето слободно време реалзирајќи активности кои се од нивни интерес од областа на културата, уметноста, едукативни и рекреативни активности.“- посочи програмскиот асистен, Марија Ташкоска.
„Нам ни недостига простор каде што ние би можеле креативно да се изразуваме. Имаме различни потреби во обласите на пишувањето, читањето книги, одржување на едукативни работилници, а цел е да се дружиме, вмрежуваме и да остваруваме меѓусебен контакт и комуникации“ – вели, Марија Димитриоска.
Носителите на одлуки ја прифатија иницијатива намладите и потврдија дека во интерес на заедницата е формирањето на младински центар.
“Често сум во комуникација со млади, особено откако сум назначен како службеник за млади во локалната самоуоправа, и, навистина тие сакаат да бидат слушнати, иако понекогаш не се разбрани од страна на институциите. Младите бараат, ние возрасните, да ги слушнеме, рабереме нивните идеи, а има многу вредни млади луѓе кои можат да придонесат во зедницата. Затоа, ппштина Прилеп, во изминатиов период, први огромни напори и максимално се вложува во градење на политики за млади, со цел младите, пред се, да остаат и да креираат во Прилеп, но и активно да се вклучат во процесот на донесување на локлани одлуки. Целта е општината да биде во служба на младите. Затоа Општина Прилеп и целата локална самоуправа има голема волја за формирње на ваков Младнски центар, кој би бил во служба на младите.“- посочи, претседателот на Локалниот Младински Совет, Гоце Бумбароски.
Во насока на поддршка на младите, деновие во Оптшина Приелп беше формиран Локалниот Младински Совет и одржана прва конститутивна седница на локалното собрание на млади, на кое што беше донесен деловникот за работа и повик за членови во локалниот младински совет.
Локалниот Младински Совет е советодавно работно дело и е дел од Советот на Општина Прилеп. Формирањето на Локалниот Младински Совет произлегува од законот за Младинско учество и е само еден дел од заложбите на локалната власт, младите да се стават на примарната позиција во општината и активно да учестуваат во креирање на активности кои се од интерес на младите.