12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Нелегална трговија со отпад на 4 локации во Прилеп

Полицијата упадналa на девет локации во Битола, Прилеп и Ресен, при што била утврдена нелегална трговија со отпад.
На 04.04.2023 Секторот за внатрешни работи Битола, криминалистичката полиција при СВР Битола и Надворешните канцеларии за криминалистички работи во Прилеп и Ресен во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контроли на повеќе локации во Битола, Прилеп и Ресен каде се врши трговија со отпад.
Во Битола била извршена контрола на три локации во населба „Баир“, кои ги користат А.А.(41), Ф.М.(44) и И.Џ.(46), сите од Битола, при што било констатирано дека не поседуваат никаква документација и дека немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста.
Во Прилеп била извршена контрола во складишта во с.Мало Коњари, во с.Селце и на плац на ул.„Гостиварска“ во Прилеп, кои ги користел А.Ш.(54) од Прилеп, како и на плац на ул.„Беровска“, кој го користел К.И.(31) од Прилеп. При контролата, исто така, било констатирано дека лицата вршеле дејност без регистриран правен субјект.
И во Ресен биле извршени контроли на две локации на кои се вршел откуп на отпад, а кои ги  користеле К.М.(40) и З.Ј.(52) од Ресен. Притоа, било констатирано дека лицата не поседуваат никаква документација за дејноста која што ја вршат и немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Максималната температура денеска до 42 степени со УВ индекс 10

Пела Редакција

Прилепските пензионери не се откажуваат, бараат правда!!!

Гордана Цветаноска

Бука околу прилепските фонтани

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе