11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот музеј ги отвора вратите на Светскиот ден на културното наследство

По повод 18-ти Април, вторник, Светскиот ден на културното наследство, НУ Завод и Музеј Прилеп, ќе им овоможи на сите граѓани,  бесплатно, да ги посетат и погледнат музејските поставки: Меморијалниот музеј „11 Октомври„ Участакот, Музејот на тутун,  Галеријата на икони,  Меморијалниот музеј  “Кузман Јосифоски – Питу“,  Етно музејот , Лапидариумот,  Спомен Домот “Блаже Конески“…

По повод 18-ти Април, Светскиот ден на културното наследство вратите на прилепскиот Музеј ќе бидат  отворени за посетители потполно бесплатно, од 09 до 16,оо часот. Целта е, велат оттаму , подигнување на степенот на информираноста и јавната свест кај граѓаните за значењето и заштитата на културното наследство.

Овој ден ќе биде одбележан и со едукативен текстови посветен на музеите, а се очекува поставките на НУ Музеј Прилеп да бидат посетени од голем број граѓани, кои не биле во можност тоа да го направат во текот на годината.

 

Би можело да ве интересира

„ТАНЕЦ„ пред Прилепчани

Елизабета Филипоска

„Полска полица“ во Градската библиотека во Прилеп

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе